Агенцијата на ЕУ за заштита на границите и крајбрежјето (Фронтекс) објави дека во периодот од јануари до мај оваа година, на Западен Балкан, според прелиминарните податоци, биле забележани 40.675 илегални преминувања на границата на ЕУ, речиси трипати повеќе од истиот период лани. Оваа маршрута, која сочинува речиси половина од сите нелегални гранични премини на ЕУ, најмногу ја поминале Сиријци и Авганистанци. Вкупно 86.000 илегални преминувања на границите во ЕУ се регистрирани во првите пет месеци од оваа година, или 82 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021 година, се наведува во извештајот на агенцијата
Само во мај, 23.500 луѓе илегално ја минале границата на ЕУ или 75 отсто повеќе отколку истиот месец минатата година, покажуваат прелиминарните податоци на Фронтекс.
Фронтекс не ги вклучи луѓето што бегаат од Украина и влегуваат во ЕУ преку граничните премини. Според последните податоци на Фронтекс, повеќе од 5,5 милиони украински граѓани дошле во ЕУ од Молдавија и од Украина од почетокот на руската инвазија во февруари. Ним им е дозволен влез во ЕУ. Во првите пет месеци од годинава, најактивни маршрути за мигрантите кон ЕУ биле преку Западен Балкан, преку кој се евидентирани речиси 41.000 илегални премини, и маршрутите на централниот и источниот Медитеран.