Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека САД со резултатите од последните меѓуизбори „направија голем чекор назад во историјата“, истакнувајќи дека и берзата, која за време на неговиот мандат беше „ракета“, претрпе еднодневен загуба од три трилиони долари.

– Но не плашете се, ќе се вратиме, поголеми и посилни од кога било – напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.

Демократите на меѓуизборите за американскиот Конгрес на 3 ноември освоија мнозинство во двата дома – 241 место во Претставничкиот дом, каде што на републиканците им припаднаа 162, а во Сенатот добија 54 места, наспроти 44 за републиканците.

Во однос на изборот на гувернери на американските сојузни држави, демократските кандидати победија во 28 држави, а републиканците во 20. Во однос на претходните избори, демократите освоија четири гувернерски места повеќе, а републиканците четири помалку.

За контрола врз Сенатот потребни се 51 место, додека за контрола врз Претставничкиот дом се потребни 218 места.