Фото: Принтскрин

Во американските сојузни држави Алабама и Кентаки, силно торнадо денеска оштети куќи, урна далноводи и корнеше дрвја, соопшти Националната метеоролошка служба во Бирмингем и Луисвил.

Градоначалникот на градот Селма, Џејмс Перкинс изјави за ВСФА дека најмалку едно лице се верува дека е заробено во зграда, а можно е уште едно лице да се води за исчезнато, пренесоа светските агенции.

Повеќекратни предупредувања за торнадо се издадени денеска во Алабама, Мисисипи и Тенеси.

Националната метеоролошка служба во Луисвил, Кентаки потврди дека торнадо ЕФ-1 ја погоди областа Мерсер и дека има соборени далноводи, оштетени куќи и паднати дрвја.

Во соопштението на Националната метеоролошка служба во Бирмингем се вели дека торнадото предизвикало штета во градот Селма, како и низ другите окрузи во Алабама.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо во неколку области северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.

– Ова е ситуација е опасна по живот. Засолнете се веднаш – предупреди метеоролошката служба.