Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер изјави дека смртта на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, во суштина е крај на оваа паравоена група.
Новинарите го потсетија Рајдер на тврдењата изнесени минатата година, дека Северна Кореја му продавала оружје на „Вагнер“ и прашаа дали тој верува дека договорот за оружје меѓу Северна Кореја и „Вагнер“ е завршен – пренесе „Анадолија“.
Рајдер, потсетувајќи се на смртта на Пригожин, рече: „Ова е за тоа што групата „Вагнер“ во суштина е завршена. Затоа можам да кажам дека нема преговори“.
Истакнувајќи дека „Вагнер“ извесно време беше највлијателниот фактор на теренот во руско-украинската војна, Рајдер додаде: „Русија се обидува да купи муниција и оружје од тиранските режими како Иран и Северна Кореја“.
Рајдер го повтори својот повик до Северна Кореја да не и дава оружје на Русија, пренесе „Анадолија“.
Групата Вагнер се бореше за Русија во војната во Украина, но нејзиниот основач Пригожин беше истовремено критичен кон воените претставници во Москва и водеше краток бунт на крајот на јуни.
Кремљ ја отфрли „апсолутната лага“ дека Пригожин е убиен по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, но најави дека истрагата за авионската несреќа ја разгледува и можноста леталото да е намерно соборено.
Пригожин беше погребан во вторникот во неговиот роден град Санкт Петербург, откако авионот во кој се наоѓаше се урна на крајот на август на пат од Москва.