Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева

Холот на ООУ „Љубен Лапе“ беше преполна од првачињата, нивните родители, баби и дедовци, постари и помали браќа и сестри.

Се најдоа старите другари и се запознаа со новите.

Точно во 10 часот почна претставата што токму за нив ја подготвија постарите ученици. Хорот ја испеа државната химна а потоа сите ги поздрави директорката и им посака многу успех на новите ученици.

Водителите ги најавија наставничките на одделенијата, а тие ги поведоа првачињата во училниците, овој пат заедно со родителите.

Некои од постарите ученици искористија прилика да ги гушнат наставничките со кои ги поминале првите пет години во училиште.

Во училниците насмеаните наставнички им поделија врвки со имиња на првачињата, бомбони и сликовници за среќен почеток во новата средина. Некои од првачињата веднаш прашаа кога ќе почнат да учат.

А надвор во ходниците останаа понекоја баба и дедо да ѕиркаат низ отворените врати.

Оваа година училиштето „Љубен Лапе“ од скопската општина Аеродром, ги отвори вратите за 150 нови ученици, поделени во 5 паралелки, во секоја по 30 ученици.

Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Првачиња/ Фото: Маја Јаневска-Илиева