Фото: НАСА

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) ја одбележува првата годишнина од пуштањето во употреба на телескопот „Џејмс Веб“ со објава на нова слика, демонстрирајќи ја неговата возможност „да го преобрази Космосот“, јави Вашингтон пост.

Како и комплетот фотографии од галаксии и маглини од длабоката вселена, чија светлина може да биде фатена само од ултра осетливиот инфрацрвен телескоп објавени лани, и оваа е исто така драматична и халуцинаторска слика, пишува изданието.

Сликата го опфаќа Ро Офиучи облачниот систем, што се претпоставува дека е најблискиот регион до Земјата каде може да се забележат формирање на ѕвезди и каде планетарните системи како нашиот можат да бидат во почетни фази на формирање.

Телескопот „Џемјс Веб“ е дизајниран да продре подлабоко во вселената и многу поназад во времето од која и да било друга опсерваторија, со цел да се забележат најпрвите галаксии што го запалиле младиот Космос.

Се наведува дека првата година од работата на телескопот, чија идеја за негова изградба датира од почетокот на 1980-те, е помината во тестирање и дека следната година ќе биде пуштен во неговиот полн капацитет.

Првото патување околу сонцето не било без проблеми. Имало кратка пауза во собирање податоци од безбедносни причини, и можност за опасен судир со вселенска прашина со што телескопот бил поместен да лета наназад, па сега тоа се исправа.

Најглавното научно откритие е дека телескопот откри бројни светли галаксии во раниот Космос. За научната заедница ова беше збунувачки.