Херсон / Фото: Принтскрин

Руските сепаратистички власти денеска наредија итна евакуација на градот Херсон поради напредокот на украинската контраофанзива.

Во објава на Телеграм, регионалните власти ги повикаа цивилите да се евакуираат со брод преку реката Дњепар. На тој начин тие би се повлекле подлабоко на територијата што ја контролира Русија бидејќи, како што се наведува, ситуацијата на фронтот е напната.

Администрацијата во Херсон, блиска до Кремљ, исто така објави дека се очекуваат бомбашки напади и „терористички напади“ од Киев.

Херсон е под руска контрола речиси од почетокот на војната. Тоа е еден од регионите што минатиот месец беше припоен кон Русија со нелегитимен референдум.