Фото: Пиксабеј

Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ тврди дека САД практично ја блокирале Русија да присуствува на конференцијата за нуклеарна енергија во Вашингтон, со тоа што не им дале влезни визи.

Росатом и руската организација за индустриска безбедност, Ростехнадзор, планираа да присуствуваат на министерската конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Вашингтон на 26 и 28 октомври, соопшти Росатом, но тие сè уште не добиле визи.

– Сметаме дека ова е израз на непочитување од страна на САД кон МААЕ – соопшти руската страна.

– Во согласност со Договорот помеѓу МААЕ и државата домаќин на настан под покровителство на Агенцијата, земјата е должна да им обезбеди на претставниците на земјите-членки на МААЕ можност да учествуваат на настанот што се одржува на нејзина територија. За жал, принудени сме да констатираме дека без соодветно учество на Русија, универзално признаениот светски лидер во полето на мирно користење на атомската енергија, Вашингтонската конференција во многу аспекти го губи своето значење – додаде Росатом.