Фото: ЕПА

Разговори за безбедноста на Блискиот Исток и за изградба на гасовод

 

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Кремљ се сретна со Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Според иранската државна телевизија, Резаи му пренел на Путин порака од врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. Содржината на пораката не беше објавена.

По средбата, Резаи изјави дека разговарале за безбедноста на Блискиот Исток по завршувањето на војната, како и за изградба на гасовод од Русија до Иран.

Гасоводот би помогнал во ублажувањето на недостигот од гас во Иран, а истовремено би ѝ овозможил на Русија да извезува гас во соседните земји преку иранска територија.

Средбата се одржа откако иранските преговарачи разговарале со посредници за предлозите за ставање крај на конфликтот со САД.

Резаи изјави дека Техеран нема да го отвори Ормускиот Теснец, ниту ќе преговара со Вашингтон, сè додека САД не ги исполни седумте познати ирански услови.