Руската армија денеска го онеспособи главниот комуникациски центар на вооружените сили на Украина во предградието на Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Утрото на 12 март, високопрецизно оружје со долг дострел ја погоди украинската воена инфраструктура. Воениот аеродром во Василково и главниот центар на радио и електронската разузнавачка служба на Вооружените сили на Украина во Бровари беа ставени вон функција – соопшти Конашенков.

Тој исто така рече дека руските сили уништиле „речиси 3.500 украински воени објекти од почетокот на воените операции во Украина“.

– За време на операцијата вон функција се ставени 3.491 објекти на украинската воена инфраструктура, уништени се 123 беспилотни летала, 1.127 тенкови и други оклопни борбени возила, 115 повеќецевни ракетни системи, 423 полски артилериски и минофрлачки топови, 934 специјални воени возила – рече Конашенков.