Фото: пиксабеј

Русија добива материјали од Иран за изградба на фабрика за дронови на нејзина територија што „би можела целосно да функционира на почетокот на следната година“. Тоа денеска го изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Белата куќа објави сателитска снимка од потенцијалната локација на планот. Локацијата е во специјалната економска зона Алабуга, на околу 900 километри источно од Москва.