Министерството за внатрешни работи на Русија денес издаде наредба за ограничување на овластувањата на Интерпол во таа земја, пренесе „Анадолија“.
Според наредбата, која е објавена на интернет порталот на Владата на Русија, Интерпол ќе може само да спроведува анкети, да испитува и да врши лична идентификација.
Дополнително, предвидено е Интерпол повеќе да не може да врши оперативно-истражни активности во Русија.
Интерпол, или Меѓународната организација за криминална полиција, е глобална агенција за координација на полицијата со 195 членови и седиште во Франција, на која Русија ѝ се придружи во 1990 година.