Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува Иран во наредните часови да претстави сериозен предлог за прекин на огнот.
По средбите во Рим со италијанската премиерка Џорџа Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани, Рубио изјави дека очекува „конкретни потези“ од Техеран.
– Ќе видиме што ќе се случи, очекувам развој на настаните во наредните часови – изјави Рубио, додавајќи дека во Иран постојат различни позиции, но дека се надева на сериозна понуда, пренесе „Ројтерс“.
Тој нагласи дека западните земји мора да ги заштитат своите економски интереси и ја потенцираше важноста од слободната пловидба и безбедноста на клучните поморски рути.
Рубио се осврна и на војната во Украина, посочувајќи дека завршувањето на конфликтот останува меѓу приоритетите на западните сојузници.






























