Фото: ЕПА

Вилијам Барнс, директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) предупреди дека постои „реален ризик“ Украинците да ја загубат војната со Русија на бојното поле до крајот на 2024 година.

На собраните во Претседателскиот центар Џорџ Буш во Далас, Бернс им порача дека на Украина и „снема муниција“ и дека на Западот „му истекува времето“ да му помогне на Киев – пренесe „Бета“.

Барнс ги критикуваше американските пратеници за одложување на испораката на дополнителна помош за Украина, пренесе „Гласот на Америка“.

– Со дополнителна помош од Конгресот на Соединетите Американски Држави, мислам дека Украинците можат да се одржат на бојното поле во 2024 година и да продолжат да прават штета на Крим и против Црноморската флота – рече директорот на ЦИА.

Тој додаде дека без таа помош „сликата е многу пострашна“.

Русија ги засили воздушните напади со долг дострел против енергетскиот систем на Украина и други цели во последните неколку недели, зголемувајќи го притисокот врз Киев далеку зад линијата на фронтот каде руските сили полека напредуваат на исток.