Фото: ЕПА

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 5.069, соопшти претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез.

Според официјалните податоци, бројот на повредени останува 16.740, додека 17.907 лица останале без своите домови како последица од катастрофата.

Властите претходно информираа дека се оштетени вкупно 856 објекти.

Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои предизвикаа огромни човечки и материјални загуби.