Teroristi;ki napad Moskva
Фото: ЕПА

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 115, објави денеска Рускиот истражен комитет на својот канал „Телеграм“.

Според претходно објавените податоци, повеќе од 140 се повредени.

– На местото на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, кога итните служби ги расчистуваа урнатините, пронајдени се повеќе тела, така што бројот на загинати во моментов е 115 лица – се вели во соопштението на Истражниот комитет.

Напаѓачи облечени во маскирни униформи упаднаа синоќа во голема концертна сала во Москва и отворија оган, при што ја запалија. Напаѓачите веднаш потоа побегнале, а утринава Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) соопшти дека во врска со нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани.

Како што додава руската агенција, според прелиминарните податоци, луѓето починале од прострелни рани и труење. За време на нападот терористите употребиле автоматско оружје, а со запалива течност упаднале во просториите на концертната сала