Фото: Претседател на Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, утре ќе се сретне со високи претставници на одбраната, со цел да ги постави воените цели за следната година и да изврши анализа за конфликтот во Украина, соопшти Кремљ.

– На 21 декември рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи проширен состанок на Колегиумот на руското Министерство за одбрана…работата на вооружените сили на Русија во 2022 година ќе биде сумирана и ќе бидат поставени задачите за следната година – се посочува во соопштението од Кремљ.