Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја отвори пленарната седница во рамките на самитот на БРИКС во Казан, што се одржува во проширен формат (БРИКС+).
Путин претседава со состанокот, чија работа е планирана во две фази – прво седница, а потоа и дискусија на присутните, пренесуваат руските медиуми.
-Овој пат Русија како претседавач ги покани најблиските соседи на Русија, пријателските земји со кои споделуваме заедничка животна историја – рече Путин на отворањето на состанокот.
На состанокот се поканети претставници на 36 земји, меѓу кои и шефовите на Заедницата на независни држави, Азија, Африка, Латинска Америка и шефови на меѓународни организации.
Се очекува на седницата да зборуваат сите учесници, по што може ќе се одржи и дискусија. Со пленарната сесија во формат БРИКС+ се заокружува програмата на самитот во Казан во мултилатерални формати.
На крајот од денешната средба Путин на прес конференција ќе треба да ги претстави резултатите од самитот, а потоа ќе има простор и за серија билатерални контакти на странските лидери.