Фото: принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин разреши врвен генерал задолжен за војната против Украина, како дел со чистката по неуспешниот обид за бунт на приватната воена групација „Вагнер“ предводена од Евгениј Пригожин, минатиот месец.

Генералот Валери Герасимов (67) е сменет од местото командант на воената операција по помалку од шест месеци откако беше назначен. Според руските медиуми негов заменик ќе биде генерал-полковник Михаил Теплински.

Потегот на Путин, кој не е официјално потврден, е најновиот пресврт во командата на скоро 17-месечна воена операција во Украина, пишува „Дејли мејл“ повикувајќи се на руските медиуми..

За време на воната операција во Украина, Путин отпушти неколку водачи,меѓу коигенерал-полковник Михаил Мизинцев, познат и како „Касапот од Мариупол“, како и генералот Рустам Мурадов кој предводеше со операцијата во Вуледар, на почетокот на годинава.

Според „Московски тајмс“ Герасимов ќе остане на чело на руските вооружени сили како началник на Генералштабот, но целокупната одговорност за воената операција во Украина сега е биде одговорност на Теплински (54), – пишува „Дејли мејл“.