Фото: Илустрација/Принтскрин

Процесот на разоружувањето на платениците е при крај

Руската приватна воена компанија „Вагнер“ речиси го заврши процесот на предавање на вооружувањето на редовната Армија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, цитирано од британски медиуми.

Платениците веќе предале повеќе од две илјади парчиња опрема, вклучувајќи тенкови и проектили, како и 2.500 тони разновидна муниција.

Ова е дел од договорот што „Вагнер“ и Кремљ го направија за ставање крај на бунтот на борците на Евгениј Пригожин, што избувна кон крајот на минатиот месец.