Фото: Евгениј Пригожин/твитер

Основачот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, бил меѓу патниците во приватен авион што се урнал северно од Москва, објави агенцијата ТАСС, цитирајќи ја руската авијација „Росавијација“, а пренесе „Ројтерс“.

– Покрената е истрага во уривањето на авионот  што се случи во Тверската област. Според листата на патници, меѓу нив е името на Евгениј Пригожин – соопшти „Росавијација“.

ТАСС претходно објави дека десет лица загинале откако приватен авион се срушил во Тверската област, северно од Москва.

Летот бил на релација Москва – Санкт Петербург, со седуммина патници и тројца членови на екипажот, според првичните информации.