Шест лица се сметаат за исчезнати, а 10 се повредени, од кои четворица потешко во експлозија во хидроцентрала во Италија, пренесува МИА. Повредените се здобиле со тешки изгореници.
Италијанските медиуми јавија дека кај браната на езерото Сувијана, која се наоѓа меѓу Болоња и Фиренца, попладнево околу 15 часот дошло до експлозија.
Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите лица.
– Се чини дека избувна пожар на деветтиот кат, целата електрана е под нивото на езерото на околу 30 метри длабочина – објасни градоначалникот на Камуњано, Марко Масинара.
Според првите, делумни информации, „се вршела работа на турбините, внатре има персонал.
– Ми рекоа дека пожарникарите се обидуваат да влезат, но имаат потешкотии – појасни градоначалникот.
Портпаролот на компанијата „Енел Грин Пауер“ соопшти дека имало пожар на трансформаторот и посочи дека ги преземале сите безбедносни мерки за евакуација и заштита на персоналот.