Фото: Принтскрин

Потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ во северниот дел на Атлантскиот Океан е пренасочена откако американската крајбрежна стража соопшти дека канадски авион открил подводни звуци во северниот дел на Атлантски Океан.

Подморницата на 18 јуни изгуби контакт со матичниот брод „Поларен принц“ еден час и 45 минути откако зарони на дното на Атлантскиот Океан.

Досега е пребарана површина од над 19.000 километри квадратни. Во подморницата има кислород до утре наутро. Покрај група меѓународни бродови и авиони, подводен робот почна да бара во близина на потонатиот брод Титаник, а исто така се прават напори да се достави спасувачка опрема до местото во случај подморницата да биде пронајдена.

Меѓу патниците во подморницата се двајца британски државјани со пакистанско потекло, бизнисменот Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот истражувач Пол Анри Наргуле.

Подморницата кога тргна на патувањето имаше резерви кислород за четири дена.