Фото: Фејсбук/Кралското семејство

Освен како наследник на тронот, принцот Вилијам е познат и како Војводата од Корнвол, што значи дека е на чело на Војводството Корнвол – огромна површина земја на југот на Англија, на која има неколку необични места, пренесува „Словенске новице“.

По смртта на кралицата, принцот Вилијам презема многу нови важни одговорности. Покрај тоа што доби мноштво нови титули, вклучувајќи ја и онаа на Принцот од Велс, тој исто така ја наследи и огромната империја на Војводството Корнвол.

Станува збор за приватен имот, кој се проценува на околу 1 милијарда фунти, а кој го основал Едвард Трети во 1337 година за неговиот син, принцот Едвард, и кој се предава во наследство на најстариот преживеан син на секој монарх.

Имотот се протега на 52.449 хектари земја низ 20 окрузи во претежно Југозападна Англија – и моментално е одговорност на Вилијам, кој сега ја има титулата Војвода од Корнвол. Тоа значи дека Вилијам технички поседува голем број необични места, вклучувајќи и некои бизарни станари.

Мирни острови

Едно од најневеројатните места што Вилијам ги има како дел од имотот на Војводството Корнвол се островите Скили. Опишан како „извонредно убав, ненатрупан и недопрен“, архипелагот се наоѓа недалеку од брегот на Корнвол и е оддалечен околу еден час авионски лет од југозападна Англија. Познато е семејството на Вилијам и Кејт уживало одморајќи се во приватноста на островите, лесното темпо на живот и околината без криминал и сообраќај. Исто така, тогашниот принц Чарлс и покојната принцеза Дијана ги носеле тука Вилијам и принцот Хари, додека тие биле деца.

Домот на кралот

Еден од многуте „станари“ на Вилијам стана и неговиот татко, кралот Чарлс. Приватното рурално место за спокој на кралот во Хајгроув, Глостершајр е на земјиштето на Војводството Корнвол, што значи дека сега е во сопственост на Вилијам. Оваа куќа наводно му е омилена на кралот и е блиску до приватниот имот на кралицата Камила во Вилтшајр.

Озлогласен затвор

Меѓу најбизарните имоти во сопственост на Војводата од Корнвол е еден од најозлогласените затвори во Англија – Дартмор.

Во 1920-тите и 30-тите години, објектот беше познат по тоа што во него биле затворени некои од најтешките криминалци во земјата, а таму избувнаа и огромните бунтови во 1932 година. Порано му се закануваше затворање – но се чини дека во догледна иднина сепак ќе остане отворен.

Терен за крикет

Иако Војводството покрива многу рурални области, тоа има земјиште и во Лондон – имено, станува збор за Кенингтон, каде што се наоѓа едно од најпознатите терени за крикет во светот – „Овалот“. Таму се случија многу победи за Англија, а на него треинираат и се натпреваруваат и членовите на крикет клубот Сари.

Фото: Фејсбук/Стадионот за крикет „Овалот“

Модел на град

Едно од понеобичните места што сега ги поседува Вилијам е и „експерименталниот“ град на југот на Англија, кој треба да биде завршен во 2025 година.

Окружниот совет на Западен Дорсет, во 1980-тите, сакаше да го прошири и генерира градот Паундбери, кој неговиот татко Чарлс со ентузијазам го поддржуваше, велејќи дека треба да стане пример за новиот урбанизам. Тој е дом на 4.200 луѓе од периферијата на Дорчестер и е заснован на традиционални градежни дизајни одобрени од кралот.

Принцот од Велс, како што беше познат тогаш, веруваше дека локалните продавници, пабови и училишта во населбите треба да бидат на мало растојание едни од други- за жителите да го задржат чувството на заедница во градот во кој живеат.

Особено го лутеше тоа што во деловните паркови се градат станбени населби, кои немаа вистински пристап до пабовите и продавниците, а училиштата беа далеку од нив.

Строгиот Корниш Нанследан

Најпознатиот имот во сопственост на Вилијам е Паундбери, а по него следи имотот Корниш Нанследан. Тој е продолжение на градот Њукеј и има строги правила на живеење, кои вклучуваат забрана за видливи јажиња за алишта или канти, а жителите не смеат да инсталираат индивидуални сателитски антени.
Се смета дека целиот проект за финиширање на Нанследан би можел да потрае и 40 години, а доколку одлучите да живеете таму, треба да знаете дека има и некои други строги правила. Имено, ограничувањата вклучуваат забрана за правење непотребна бучава, гласни расправии или трескање врати.

Антички замок

Како принц кој поседува огромна количина земја, не е ни чудо што Вилијам сега има и неколку замоци – вклучувајќи го и прекрасниот замок Тинтагел во Корнвол. Изграден на карпесто крајбрежје, замокот датира од 13-ти век, а претходно му припаѓал на Ричард, грофот од Корнвол.

Други замоци во Корнвол во сопственост на војводството се замоците Лонсестон и Рестормел, а меѓу замоците кои принцот Вилијам ги наследи се и замокот на Кромвел на островот Треско и замокот Мејден во Дорсет.