Досега, во меѓународната политика, Бугарија по сите линии имаше поддршка од Европската Унија, но тоа не беше случај и со САД, кои многу пообјективно гледаа на низа прашања од меѓународен карактер, вклучувајќи го и тоа за Македонија. Сега Бугарија со набавката на американски авиони на некој начин направи политички исчекор за да ја придобие наклонетоста на официјален Вашингтон. Таа наклонетост Софија ќе ја плати речиси две милијарди долари, колку што чинат авионите „Ф-16“ заедно со муницијата. Во време на светска криза се наметнува дилемата дали Бугарија итро ја купува поддршката од најголемата светска сила за да затвори некои регионални прашања.

Прочитајте утре во печатеното издание