Фото: Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека руските власти истражуваат различни верзии во врска со урнувањето на авионот во кој се наоѓал основачот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вклучувајќи ја и можноста авионот да е соборен.

-Очигледно е дека има различни верзии, меѓу кои е и таа за намерно соборување – рече Песков на прес-конференција, пренесува руската државна новинска агенција.

Тој повика дека треба да се почекаат заклучоците од истрагата на Истражниот комитет на Руската Федерација.