Русија не забележала ништо што би можело да влее надеж дека наскоро ќе се најде конечно решение на конфликтот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на вчерашните преговори во Истанбул.

Кремљ денеска го поздрави фактот што Киев писмено ги изнел своите барања за прекин на конфликтот во Украина, но оценил и дека решение се уште нема на повидок.

Игор Жовква, заменик шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека вчерашните преговори напредувале и дека руската страна во Истанбул првпат ја слушнала украинската позиција, наместо ултиматуми и црвени линии, пренесе Би-би-си.

Во Истанбул вчера се одржа четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина.