фото: Фејсбук

Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, денеска, на Генералното собрание на ОН кажа дека руската инвазија на Украина може да создаде до пет милиони нови бегалци.

– Доколку Русија продолжи по овој пат, може да дојде до нова бегалска криза, една од најголемите со кои се соочува светот денеска – рече Томас-Гринфилд во ОН.