Фото: Пeкселс

Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 847 цивили биле убиени и 1.399 ранети во Украина до 18 март.
Повеќето од жртвите настрадале од експлозивно оружје, како што е гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќекратно лансирање, како и ракетни и воздушни напади, соопшти ОХЦХР.
Се смета дека реалниот биланс е значително поголем бидејќи ОХЦХР, кој има голем тим за набљудување во земјата, се уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од неколку тешко погодени градови, се додава во извештајот.

Најмалку 260 цивили се убиени во борбите околу Харков откако руските трупи ја нападнаа Украина пред речиси еден месец, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите има и 14 деца, соопштија синоќа судските власти, јави ДПА.
Градот во североисточниот дел на Украина е опколен од руски војници и имал 1,5 милиони жители пред почетокот на војната. Градот продолжува да биде гранатиран од артилерија, а неколку станбени згради беа погодени синоќа.