Кинеската амбасада во Македонија во понеделникот одржа прием по повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Народна Република Кина и 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Македонија. На приемот по повод овие два значајни настана беа присутни голем број гости од политичкиот, културниот, стопанскиот и јавниот живот на Македонија, како и голем број дипломатски претставници акредитирани во нашата земја.
Приемот мина во срдечна и пријателска атмосфера, а меѓу многубројните гости што дојдоа да го им укажат чест на домаќините можеа да се забележат поранешниот претседател Ѓорге Иванов, претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, претставници на Владата, градоначалници. Сите тие со внимание го проследија пригодното обраќање на амбасадорот Џанг Ѕуо по тој повод. Р.Н.М.