Холандија

Четвртата влада на холандскиот премиер Марк Руте вчера положи заклетва по рекордни 299 дена од последните избори и дури по една година откако неговата претходна администрација беше принудена да поднесе оставка.
Новата коалиција вети дополнителни средства за обновлива енергија, домување, грижа за деца и образование, но прво ќе треба да се справи со здравствената криза, бидејќи варијантата омикрон доведе до рекорден број нови инфекции.
Новиот владин кабинет, според најавите, до петок ќе треба да одлучи и за тоа дали ќе го олесни остриот карантин и покрај бранот со новите мутации на ковид-19 во земјата.
Иако коалицијата ја сочинуваат истите четири партии што беа на чело на Владата од 2017 година, беа потребни речиси нешто повеќе од 10 месеци за повторно обединување по неуспешните избори на 17 март 2020 година, поради сè помалата подготвеност за компромиси. Минатиот месец партиите конечно се согласија за договор за формирање влада и ги оставија зад себе долгогодишните политики на штедење, кои, впрочем, беа главна пречка за формирање на новиот владин кабинет на премиерот Руте.
Засега нема информации во медиумите кои политики ќе ги презема Владата во однос на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Подготви: Дејан Србиновски