Фото: Официјална страница на турскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека никој не може да ја спречи Анкара да ја обезбеди безбедноста на своите граници, а според него, исходот од турските воени операции во северен Ирак и Сирија ќе биде успешен.

Од 20 ноември Турција спроведува воздушна операција против сириското крило на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во северна Сирија – беа пријавени напади врз градот Кобане, како и врз северен Ирак. Ердоган операцијата ја нарече успешна и не исклучува дека ќе следи копнена операција.

– Турција има право да преземе секакви мерки за да ја обезбеди сопствената безбедност, безбедноста на своите граници. Никој не може да не спречи да го искористиме ова право – рече Ердоган во Истанбул.

Според него, „во тешки зимски услови се води важна битка и во Запа (во северен Ирак) и во северна Сирија.

– Исходот од оваа борба ќе биде поволен – нагласи тој, пренесува РИА.