Фото: Официјален сајт на Претседателот на Турција

Турција отсекогаш следела избалансирана политика и не им дозволувала на оние кои сакаат да ги расипат нејзините односи со Русија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на говорот во Бајбурт.

– Од првиот ден следевме избалансирана политика. Военото лоби користејќи ја опозицијата се обиде да не фрли во оган. Не дозволивме тоа да се случи. Не дозволивме зајакнувањето на односите со Украина да ни ги расипе односите со Русија. Одржуваме близок дијалог со претседателот на Русија, Владимир Путин – рече Ердоган – пренесe „Риа Новости“.

Тој повтори дека очекува рускиот претседател да ја посети Турција во август.