Фото: Твитер/Бенјамин Нетанјаху

Бенjамин Нетанјаху победи на изборите во Израел. Неговиот десничарски верски блок обезбеди 64 од 120 места во парламентот по пребројувањето на сите гласови.

Премиерот во заминување Јаир Лапид го контактираше Нетанјаху по телефон за да му посака среќа за доброто на израелскиот народ и државата Израел.

Израел е над сите политички прашања, напиша Лапид на Твитер по телефонскиот разговор. Тој рече дека им наредил на сите министерски канцеларии да се подготват за мирно предавање на власта.

Изборите во вторник беа петти во последните три и пол години, а беа распишани откако осумпартиската владејачка коалиција пропадна во јуни, губејќи го своето мнозинство во парламентот по само 12 месеци.