Фото: принтскрин

Повеќе од 100.000 луѓе се собраа синоќа во центарот на Лондон, каде што беше прославен влезот во 2023 година со, како што рече градоначалникот на главниот град на Велика Британија, Садик Кан, „најголемиот огномет во Европа“.

Ова е првпат Лондон организирано да го прослави доаѓањето на новата година, откако изби пандемијата на Ковид во почетокот на 2020 година.

– Ова беше најголемиот огномет во Европа, најголемиот што некогаш сме го имале во Лондон и сигурно еден од најголемите во светот – рече Кан, пренесе Скај Њуз.

Масовни собири имало во Париз, Берлин, Атина и Мадрид, наведува британската телевизија.

Во Атина, од познатиот храм Партенон, во Берлин над Бранденбуршката порта, се пукаше огномет, додека Париз беше осветлен со пиротехнички средства над Триумфалната капија и Елисејските полиња.

Еден од најдобрите огномети во Европа, се одржал во Хамбург, Германија, пренесе Блиц.рс.