Безбедносни системи на украинската нуклеарна централа Запорожје не се оштетени. Нема истекување на радиоактивен материјал, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Нуклеарната централа „Запорожје“ под контрола на руските сили по пожарот
– Во текот на ноќта проектил погоди зграда во рамки на комплексот на нуклеарната централа. Зградата не е дел од реакторите. Ова предизвика локален пожар, што беше изгаснат. Сите безбедносни системи на нуклеарната централа не се оштетени. Нема истекување на радиоактивен материјал – изјави шефот на МААЕ, Гроси.
Москва обвини „украински саботери“ за нападот врз нуклеарната централа