Фото: Принтскрин

Експерт за „Гардијан“

Експертите сметаат дека нуклеарната електрана „Запорожје“ каде што утринава изби пожар по борбените дејствија, е побезбедна во однос на „Чернобил“ каде што се случи нуклеарната катастрофа во 1986 година, пренесува „Гардијан“.

– Шансите за експлозија или испуштање на радијација се мали – вели универзитетскиот професор Тони Ирвин за „Гардијан“, додавајќи дека ПВР-реакторите во „Запорожје“ се побезбедни во однос на оние во „Чернобил“ и оти не делуваат оштетени. Тој го образложи мислењето со мерките на заштита кои вклучуваат и системи за заштита од оган.

– Очигледно не е добра идеја да стерелате ракети кон реакторите, но овој вид реактори се многу побезбедни – тврди Ирвин зборувајќи за ПВР-реакторите со вода под притисок, кои имаат и резервен систем за ладење во итни случаи.

Нуклеарната централа „Запорожје“ под контрола на руските сили по пожарот

„Запорожје“ е најголемата нуклеарна електрана во Европа и деветта во светот. Електраната градена градена од 1984 до 1995 година има шест реактори, од кои секој генерира 950 мегавати создавајќи вкупно количество енергија од 5.700 мегавати доволно за потребите на околку четири милиони домаќинства.

Во вообичаени услови „Запорожје“ произведува петтина од електричната енергија на Украина и речиси половина во однос на државните нуклеарни капацитети. Електраната се наоѓа во југоисточниот дел од државата во Енергодар, односно на околу 550 километри од Киев.

Москва обвини „украински саботери“ за нападот врз нуклеарната централа

Избивањето на пожарот надвор од електраната во раните утрински часови било резултат на руското гранатирање, според украинските власти, додека Русите тврдат оти нападот бил предизвикан од руски саботери. „Запорожје“ моментно е под контрола на руските сили.

Првата информација за пожарот пристигнала од вработен во фабриката кој преку социјалната мрежа Телеграм објави дека „постои вистинска закана за нуклеарна опасност во најголемата нуклеарна електрана во Европа“, по нападот на руските сили врз постројката.

МААЕ: Нема истекување на радиоактивен материјал во нуклеарната централа Запорожје

Набргу потоа информацијата ја потврди и украинскиот министер за надворешни работи, повикувајќи на итен прекин на огнот, за да можат пожарникарите да го изгаснат пожарот. Украинските надлежни служби известија и дека радијацијата во електраната е „во рамки на нормалното ниво“, нагласувајќи дека пожарот избил во зграда надвор од електраната. Украинските власти соопштија и дека постројката е обезбедена.

Русија ја презема контролата врз „Запорожје“ како и претходно над поранешната нуклеарна централа „Чернобил“ на 100 километри северно од Киев. Известувањето за инцидентот во „Запорожје“ влијаеше и врз дополнително зголемување на цените на нафтата и на пад на акциите на берзите.