Фото: принтскрин

Силно невреме ја погоди Турција предизвикувајќи поплави, кои предизвикаа најмалку пет жртви, вклучително и двајца туристи, кои беа однесени од поројните дождови што зафатија камп во северозападна Турција, пишува „Хуриет“.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати откога поплавите погодија камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија. Тој рече дека кога надошла водата, таму имало околу 12 туристи.

Тимовите за пребарување пронајдоа две тела, напиша тој на платформата X за социјални медиуми, порано позната како „Твитер“.

– Потрагата и спасувањето на исчезнатите четири лица продолжува без прекин – додаде тој.