Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Плановите на ерменските власти да одржат заеднички воени вежби со САД предизвикуваат загриженост, особено во актуелната ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека Русија ќе ги анализира овие информации и ќе ја следи ситуацијата – пренесува „РИА Новости“.

Ерменското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека Ерменија и САД следната недела ќе одржат заеднички воени вежби во Ерменија.

– Како дел од подготовките за учество во меѓународните мировни мисии, од 11 до 20 септември, во Ерменија ќе се одржи заедничка вежба меѓу Ерменија и САД „Орел партнер 2023“ – се вели во соопштението, што го пренесе „Ројтерс“.

Министерството посочува дека целта на вежбата е зголемување на интероперабилноста на единицата која учествува во меѓународни мировни мисии, размена на најдобри практики во контролата и тактичката комуникација, како и зголемување на подготвеноста на ерменската единица за планираното евалуација од програмата на НАТО „Партнерство за мир“.