Фото: Твитер/МНР на Русија

Ситуацијата на Косово е алармантна, може да се случи голема експлозија во центарот на Европа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за новинарите во Кенија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тие ги прекршија сите принципи на Хелсиншката повелба и другите документи на ОБСЕ. Ситуацијата е алармантна, но Западот тргна по патот на тоталното потчинување на секој кој на кој било начин го изразува своето мислење, нагласи Лавров – пренесува РТС.

Косовската полиција фрли солзавец кон вработените во општина Звечан, кои во неколку наврати се обиделе да влезат во зградата, а кои КФОР претходно ги пропушти да ги поминат.

Дојде до конфликт меѓу граѓани од српска националност со КФОР и косовската полиција. Како што јави дописникот на РТС, повредени има и на страната на Кфор и на страната на граѓаните во Звечан.