Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Вашингтон води „не само хибридна, туку и директна војна“ против Москва.
– САД водат агресивна, непријателска политика кон Русија и во пракса, бидејќи Украинците не би можеле да се борат без американско оружје – изјави Лавров по состанокот на министрите на Г20 во Бразил.
Тој додаде дека Американците водат „не само хибридна војна, туку во голем број случаи и директна“ војна против Русија. Тој рече дека Западот нема право да се меша во внатрешните работи на Русија, додавајќи дека барањата за „независна истрага“ за смртта на Алексеј Навални се „срам“.
– Тие луѓе немаат право да се мешаат во нашите внатрешни работи. Можеме да го впериме прстот и кон нив, спомнувајќи ги Џулијан Асанж и Гонзало Лира кој почина во украински затвор – рече Лавров.
Според него, тоа е доказ дека „нацистите смеат да прават што сакаат“.