Фото: Кремљ

Москва смета дека нуклеарниот арсенал на Франција и на Велика Британија е практично под контрола на САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Од наша перспектива, се разбира, нуклеарните арсенали и на Франција и на Британија во пракса се под контрола на САД. Затоа, ако разговараме со Америка, да разговараме без да се земат предвид овие два арсенали е апсолутно бесмислено – рече тој.

Песков појасни дека овие земји „во пракса се дел од единствениот интегрален систем на НАТО“.

-Самиот пакт е под управа на Соединетите Држави, во пракса тој е единствен ентитет – додаде тој.

Песков изјави и дека не се предвидува воведување засилени епидемиолошки безбедносни мерки во Кремљ поради подваријантата на коронавирусот „арктур“, но ќе се задржат претходно воведените ограничувања.