Фото: Принтскрин

За време на состанокот на највисоката партија на Северна Кореја посветен на воени прашања, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најави интензивирање на подготовките за можна војна, објави денеска јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Во извештајот на севернокорејската државна агенција „КЦНА“ се наведува дека Ким побарал подготовките за евентуална војна да се подигнат на повисоко ниво, да се зголеми производството на оружје и почесто да се организираат воени маневри, пренесe „Ројтерс“ повикувајќи се на „Танјуг“.

Според агенцијата „Јонхап“, разрешен е поранешниот врховен командант на вооружените сили на Северна Кореја, генерал Пак Су Ил, а на негово место е поставен генерал Ри Јонг Гил, кој претходно беше министер за одбрана.

На средбата во средата се разговарало и за подготовките за воената парада по повод 75-годишнината од основањето на Северна Кореја, пренесува „КЦНА“.

Состанокот се одржа пред најавените маневри на Јужна Кореја и САД кон крајот на овој месец.