Фото: Горан Анастасовски

Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров,информираа од Зоолошката градина.

-Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот- имформираа од ЗОО.