Портпаролот на израелскиот премиер денеска нагласи дека остануваат „празнини“ кај Хамас за тоа како да се обезбеди прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, но Израел ќе испрати делегација за разговори со катарските посредници следната недела.
Шефот на Мосад денеска ја одржа првата рунда разговори во Доха и се врати во Ерусалим.
– Беше договорено следната недела израелските преговарачи да отпатуваат во Доха за да ги продолжат разговорите. Се уште има празнини меѓу страните – се вели во соопштението на портпаролот.