Фото:Принтскрин

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека посредниците продолжуваат да бараат начин за повторно започнување на преговорите со САД, но дека во моментов нема услови за нивно продолжување.

Арагчи посочи дека Иран смета оти преговорите не можат да продолжат додека САД не ги прекинат, како што наведе, прекршувањата на меморандумот за разбирање и не ги надоместат последиците од нив.

Тој истакна и дека Иран води разговори со Оман, кои, според него, се однесуваат на утврдување нова морска рута во Ормуската Теснина.