Фото: Интерпол

Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, изјави денеска генералниот секретар на таа меѓународна организација, Јирген Шток.

– Најостро го осудувам нападот во концертната сала „Крокус“, кој беше ужасен чин против невините цивили. Интерпол е подготвен да даде поддршка во истрагата на руските власти – напиша Шток на социјалната мрежа „Икс“.

Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ загинаа 93 лица, меѓу кои три деца, а повеќе 145 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС).