Кинеските економски податоци за првите два месеца од годинава, објавени во понеделникот, ги надминаа очекувањата на аналитичарите.
Во анкетата на „Ројтерс“ се констатира дека продажбата на мало се зголеми за 5,5 отсто, подобро од зголемувањето од 5,2 отсто, при што се нагласува дека аналитичарите на „Ројтерс“ тоа и го очекувале, додека индустриското производство порасна за 7 отсто, во споредба со процените за зголемување од 5 отсто. Инвестициите во основни средства се зголемија за 4,2 отсто, повеќе од процените на аналитичарите од 3,2 отсто. Стапката на невработеност во февруари за градовите изнесува 5,3 отсто. Онлајн продажбата на мало на физички стоки порасна за 14,4 отсто на годишно ниво во првите два месеца од годинава. Инвестициите во недвижности во првите два месеца од годинава се намалени за 9 отсто во однос на претходната година. Инвестициите во инфраструктурата се зголемени за 6,3 отсто, а во производството за 9,4 отсто.
– Веруваме дека секвенцијалниот раст на Кина остана солиден во првиот квартал и покрај значителната дивергенција меѓу секторите. Сепак, за да се постигне амбициозната цел за раст од „околу 5 отсто“ годинава, сè уште е потребно дополнително олеснување на политиката, особено на страната на побарувачката (на пример фискална, станбена и потрошувачка) – наведуваат аналитичарите на „Голдман Сакс“ во извештајот во понеделникот по објавувањето на податоците.
Економските бројки за јануари и февруари обично се комбинираат во Кина за да се изедначат варијациите од лунарната Нова година, која може да прејде со два месеци во наредната година, зависност од соодветната календарска година. Тоа е најголемиот државен празник во земјата, за време на кој фабриките и деловните субјекти остануваат затворени најмалку една недела.
Годинава бројот на домашни туристички патувања и приходите за време на празниците се зголемија во споредба со минатата година, како и со бројките пред пандемијата од 2019 година.