Фото: Пиксабеј

Индиските власти денеска соопштија дека ќе инвестираат 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција.

Средствата ќе бидат искористени за поставување на ИТ-инфраструктура и помош за финансирање на почетници во областа на вештачката интелигенција, се вели во соопштението на индиското Министерство за информатички технологии.

– Пакетот ќе го зајакне индискиот екосистем за вештачка интелигенција и ќе му овозможи да ја обликува иднината на вештачката интелигенција – рече индискиот министер за информатички технологии Раџив Чандрасехар.

Индискиот пазар за вештачка интелигенција ќе вреди 17 милијарди долари до 2027 година, според прогнозите на индиската невладина трговска асоцијација Наском.