Американскиот производител на безалкохолни газирани пијалаци „Кока-Кола“, кој го напушти рускиот пазар во 2022 година, во април годинава поднесе три апликации за регистрација на своите најпознати брендови „Кока-Кола“, „Фанта“ и „Спрајт“ во Русија.
Рускиот портал „Ведомости“, кој прв ја објави оваа информација, се повикува на базата на податоци на Федералната служба за интелектуална сопственост на Русија (Роспатент), пренесува „РИА новости“.
Во март 2022 година „Кока-Кола“ објави дека ја прекинува работата во Русија, а производството и продажбата на пијалаци под овој бренд завршија во јуни истата година.
„Нашите срца се со луѓето што ги трпат последиците од трагичните настани во Украина“, објави тогаш „Кока-Кола“ на својата веб-страница.
И покрај тоа, производите на „Кока-Кола“ увезени од други земји сѐ уште се достапни во Русија, пренесува ТАСС, кој тврди дека американската компанија сега сака да регистрира дури осум бренда. Е. Р.